Едукативен центар за обуки за деца

Креативно компјутерско образование: обуки за деца

Посветен на развивање на логичкото размислување, креативните вештини, способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух на децата.

Уписите се во тек!

Резервирај го твоето место во една од нашите практични и инспиративни обуки за деца и млади. 
Обуките се онлајн, во живо на Zoom, во мали групи со искусни предавачи од ИТ индустријата.

Digipath - online обуки за деца

Дигитални патеки

Дигиталните патеки за учење на деца претставуваат облик на Академии за учење на дигитални вештини за деца од 8 до 14 години. Изберете ја насоката за дигитално надоградување и усовршување на вашето дете.

diploma-po-zavrshena-obuka

По завршување на секоја обука за деца учениците добиваат

Диплома за завршена обука

Во дипломата се наведува од која Дигитална патека е обуката. Исто така се наведуваат сите постигнати цели и вештини за време на следење на обуката.
Целта на дигиталните патеки е децата од рана училишна возраст да се стекнат со основи на компјутерско образование, да се запознаат со можностите и различните насоки во кои можат да го продолжат своето дигитално надоградување и усовршување.

Вашето дете

Треба да учи програмирање

Додека програмираат, децата учат да станат подобри решавачи на
проблеми, математичари, инженери, раскажувачи на приказни,
пронаоѓачи и соработници. Овие индивидуални и интерперсонални
вештини се воведуваат и рафинираат преку процесот на
секвенционирање на едноставна програма во рамки на нашите обуки за деца.

vasheto dete treba da uci programiranje

Запознајте го

Нашиот тим

EduFront-Гордана Мишевска

Гордана Мишевска

Магистер по математичко образование, искусен наставник, поборник за современо образование кое ги следи тековните промени и трендови и има за цел подобра подготовка на децата за иднината.
EduFront-Моника Златановска

Моника Златановска

Дипломиран професор по математика - информатика, ентузијаст за работа со деца, вљубеник во современата технологија
EduFront-Мартина Бошковска

Мартина Бошковска

Мартина е софтверски инженер. Таа има искуство како демонстратор на лабораториски вежби по програмирање на ФИНКИ. Преку повеќегодишно учество во организации и образовни проекти Мартина се залага за унапредување на формалното и неформалното образование кај младите.
Profile EDUFRONT (4)

Борис Николовски

Борис е дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство. Како предавач сака да го пренесе своето знаење на младите генерации, да им помогне да ги изградат своите дигитални вештини и да се подготват за иднината.
EduFront-Теодора Трајковска

Теодора Трајковска

Теодора е графички дизајнер во дигиталната маркетинг агенција Нова Солутионс - Битола. Покрај знаењето и огромната страст за графички дизајн, Теодора поседува и академско знаење за работа со деца.Во слободно време се занимава со фотографирање. Нејзиното животно мото е верувај дека можеш и веќе пола си успеал.
Profile EDUFRONT (3)

Марија Стојановска

Марија е Product Manager во „Македонски Телеком“ и студентка на ФИНКИ. Нејзината креативност ја изразува преку графички и веб дизајн, а технологијата ја гледа како средство за олеснување на секојдневните активности.
Blagojco Ivanov

Благојчо Иванов

Благојчо е дипломиран софтверски инженер. Тој работи во софтверската компанија Интелигента. Сака да го споделува своето знаење со другите и негово мото е „Прави го најдоброто што знаеш или не прави ништо“.
Untitled design (17)

Андреа Ангелова

Андреа е дипломиран софтверски инженер, предавач и ментор на академии и настани по програмирање. Таа поседува и искуство со предавање математика, физика и хемија на деца. Работата со деца ја исполнува бидејќи тоа го буди и дететo во неа.
Untitled design (19)

Мартина Николоска

Мартина е дипломиран софтверски инженер, специјализиран во полето на компјутерските науки. Припремањето за работа со програмирање во образованието го започна уште при самите студии. Она што ја прави среќна е споделувањето на знаење со најмладите, со кои работата е секогаш забавна.

Ви пренесуваме сведоштва од

Нашите Клиенти

Edufront е центар за учење за деца каде можете да најдете стручност, флексибилност, пријателски цени и одлична услуга за клиентите! Топла препорака! Задоволен родител, Гордана Родиќ

Гордана Родиќ

Родител
Конечно, преку ПрограмИграм Мини моето дете се ангажира како креатор, а не само како корисник на технологијата и игрите. Средината е стимулативна и современа, учи на игрив начин и преку соработка со децата. Пристапот е топол и непосреден, а цените се достапни 🙂

Александра Баждарова Гилевска

Родител

Еdufront е едукативен центар за учење каде што децата преку бројни примери и вежби прилагодени на нивната возраст изучуваат разни програмски јазици. Низ игра и вежби обработуваат теми како што е правење игри со разни кодови, управување со податоци и наоѓање на грешки при кодирање, цртање на разни форми и сето тоа проследено со практични совети од страна на предавачите

Даница Стошевска

Мајка на Тимотеј
Понудата која ја дадовте како едукативен центар и начинот на кој пристапивте кон Нина беше на ниво кое говореше за Вашата сериозност кон работењето. Ѝ го зголемивте интересот, ѝ го задржавте вниманието преку програмите: Scratch и HTML/CSS/JS за да продолжи да се надградува понатаму во Дигиталната патека за веб дизајн. Сета нејзина посветеност беше насочувана од страна на прекрасните едукатори кои препознаа во Нина потенцијал со големи можности за надоградување и понатамошен успех

Оливера Станковиќ

Мајка на Нина
Најпрвин би споделила искрено воодушевување од професионалната и прецизна работа на тимот на Едуфронт. Со задоволство би кажала дека благодарение на обуките на Едуфронт (ПрограмИграм во Scratch и HTML, CSS и JavaScript) мојот син Огнен го промени статусот од пасивен корисник/ набљудувач/играч на игри во некој кој создава нешто. Исто така тој продолжува да развива љубопитност за стекнување и учење на нови дигитални вештини преку обуките од Дигиталната патека за дизајн

Маја Бојаџиски

Мајка на Огнен